Лични услуги, нега и убавина

Обука за “ПУДЕР” техника за веѓи

„ПУДЕР“ техника на сенчење на веѓите дава ефект на лесна сенка на веѓите. Доколку сакате убав облик, пополнет со сенка за веѓи во вашата идеална нијанса, тогаш „ПУДЕР“ техниката е наменета токму за вас.

Што претставува оваа техника?

„ПУДЕР веѓи“ претставува мануелно сенчење на веѓите и е моментално една од најпопуларните процедури во областа на трајна шмкнка. Се работи на релативно мала длабочина, а се постигнува ефект на погусти веѓи, полни, сјајни и исклучително негувани. Веѓите го задржуваат природниот изглед, без строги контури, а со благ и нежен облик. Како да сте ги шминкале веѓите со сенка. Идеална комбинација е со методот на јапонско исцртување на веѓите при што ефектот на природен изглед е многу подобар.

Работиме со сите нијанси, а вие сте во раце на стручно лице!

Во Академија М22, имаме широка палета на нијанси, од најсветли па се до најтемни. Клиентот сам ја одбира нијансата, а третманот трае до 1 час. Пудер техниката има трајност и до 2 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *