Градежнa струка

Обука за плочкар

Сертификат од АКАДЕМИЈА М22

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники  за поправка на подлогата за поплочување, нанесување нова подлога и поплочување на подови и ѕидови и други елементи со керамички  плочки,  како и правилно користење на опремата и алатот за работа.

План на програмата:

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:

  • самостојно ја организира својата работа;
  • рационално користи енергија, алат и време;
  • применува прописи за добра градежна и добра хигиенска практика;
  • применува прописи и опрема за заштита при работа;
  • правилно користи, одржува и чува алат и опрема за поставување на керамички плочки;
  • применува прописи за добра и квалитетна изведба;
  • применува прописи за квалитет на материјалите и нивно користење;
  • применува технолошки постапки за поставување на нови керамички плочки и целосно или делумно заменување на оштетени керамички плочки;
  • пополнува задолжителна техничка документација  точно и разбирливо.

2 thoughts on “Обука за плочкар”

  1. besnik murati напиша:

    Dua te certifikohem per pllaka montues

    1. m22info_admin напиша:

      Почитувани,

      Оставете ни контакт телефон или побарајте не на 070 386 345 и ќе Ви објасниме се околу обуката.

      Со почит

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *