Сертификат од Академија М22
Програмата “Мадеротерапија” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на реализацијата ќе се применуваат наставни средства и помагала Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.
Мадеротерапијата на тело е моментално најефикасната масажа за обликување на телото и отстранување на целулитот. Се заснова на употреба на анатомски специјалнодизајнирани дрвени елементи што ја прави мадеротерапијата 100% природна и без алергиски реакции на кожата. Целта е да се стимулира лимфниот систем и да се отстранат токсините, непропорционално локализираните масни наслаги од телото, да се подобри тонусот на мускулите и циркулацијата, да се обликува и затегне телото, да се отстранат мртвите клетки од кожата и уште многу бенефиции.