Сертификат од Академија М22
Програма насочена кон стручно оспособување од областа на фризерството со цел полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот. При реализација на обуката наставата ќе се реализира преку современи наставни методи, вербална демонстрација, практична работа – вежби кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност и ангажман за целото времетраење на обуката.
Оценувањето на постигањата на учесникот ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целата обука преку усно излагање, писмено, преку тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти и практична работа– вежби.
Структурата на програмата е поделена на следниот начин
- стручно–теоретски дел,
- практична работа и
- проверка на постигањата на кандидатот
План на програмата:
- Ефикасна организација на просторот на еден професионален фризер
- Вовед во алатките, опремата и препаратите кои ги користи машкиот фризер
- Пристап кон клиентот
- Одредување на облик на лице, црти, структура на влакно и предлог соодветна фризура
- Типови на машко шишање и фризури
- Шишање со ножици
- Шишање со машинка
- Комбинирано машко шишање (со ножици и машинка)
- Класични машки фризури
- Модерни и авангардни машки фризури
- Средување бради
- Стилизирање и препарати за стилизирање на коса
- Соодветна нега во склад со скалпот и структурата на влакното
- Правилно одржување
Ве молам да ми кажете, колку време трае обуката, каде се изведува, со сертификатот може ли да се отвори берберница- свој бизнис, и колку чини.
Почитувани,
Оставете ни контакт телефон или побарајте не на 070 386 345 и ќе Ви објасниме се околу обуката.
Со почит,
Тимот на Академија М22
Дали може да ме контактирате
Почитувани,
Оставете ни контакт телефон или побарајте не на 070 386 345 и ќе Ви објасниме се околу обуката.
Со почит,