„ПУДЕР“ техника на сенчење на веѓите дава ефект на лесна сенка на веѓите. Доколку сакате убав облик, пополнет со сенка за веѓи во вашата идеална нијанса, тогаш „ПУДЕР“ техниката е наменета токму за вас.
Што претставува оваа техника?
„ПУДЕР веѓи“ претставува мануелно сенчење на веѓите и е моментално една од најпопуларните процедури во областа на трајна шмкнка. Се работи на релативно мала длабочина, а се постигнува ефект на погусти веѓи, полни, сјајни и исклучително негувани. Веѓите го задржуваат природниот изглед, без строги контури, а со благ и нежен облик. Како да сте ги шминкале веѓите со сенка. Идеална комбинација е со методот на јапонско исцртување на веѓите при што ефектот на природен изглед е многу подобар.
Работиме со сите нијанси, а вие сте во раце на стручно лице!
Во Академија М22, имаме широка палета на нијанси, од најсветли па се до најтемни. Клиентот сам ја одбира нијансата, а третманот трае до 1 час. Пудер техниката има трајност и до 2 години.