Сертификат од Академија М22
Програмата “Класичен маникир и педикир” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на реализацијата ќе се применуваат наставни средства и помагала Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.
План на програмата:
- Теоретска основа и клучни поими
- Однос со клиенти и нивна подготовка за работа
- Правилна нега на ноктите, рацете и стапалата
- Вовед во материјалите што се користат при постапките
- Хигиена при работа и организација на просторот
- Стерилизација на алатките и превенција на болести на ноктот
- Класичен маникир
- Постапки на педикир
- Прибор за педикир и организација на просторот
- Естетски педикир

