СЕРТИФИКАТ ОД АКАДЕМИЈА М22
Програма насочена кон стручно оспособување од областа на фризерството со цел полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот. По завршување на програмата кандидатот ќе биде способен да организира простор и работа во салон, како и да ги изведува следните работни обврски: третмани за миење и нега на коса и скалп, третмани за обликување и ондулација на коса, потстрижување на коса, третмани за боење и белење на коса,изработка на разни видови фризури. При реализација на обуката наставата ќе се реализира преку современи наставни методи, вербална демонстрација, практична работа – вежби кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност и ангажман за целото времетраење на обуката. Оценувањето на постигањата на учесникот ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целата обука преку усно излагање, писмено, преку тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти и практична работа– вежби.
Структурата на програмата е поделена на следниот начин
- стручно–теоретски дел,
- практична работа и
- проверка на постигањата на кандидатот
План на програмата:
- Модул 1 – Основи на занимањето
- Модул 2 – Организација на работа во фризерски салон
- Модул 3 –Миење и нега на коса и скалп
- Модул 4 – Обликување и ондулација на коса
- Модул 5 – Потстрижување на коса
- Модул 6 – Боење и белење на коса
- Модул 7 –Изработка на фризури