ЗА НАС

Неколку зборови за нас

Помагаме на секој да научи нови вештини

Друштво за трговија услуги и образование на возрасни АКАДЕМИЈА М22 ДООЕЛ Скопје, е специјализирана образовна институција за кратки и продолжени курсеви според потребите на пазарот на трудот. Нашата стратешка определба е да нудиме квалитетен образовен производ кој е во согласност на интересите на слушателите според потребите на пазарот на трудот, преку зголемување на компетенциите и вештините за полесно вработување или самовработување.

Друштво за трговија услуги и образование на возрасни АКАДЕМИЈА М22 ДООЕЛ Скопје, подружница Академија М22, постои 13 години кои се потврда за посветеноста и професионализмот при реализација на квалитетни тренинзи и обуки. Во сите сегменти, низ процесот на едукација до сега се извршени голем број обуки од различни области и различни нивоа, како и голем број едукативни консултации, совети, поддршка итн.

Јавете ни се и закажете си ја вашата обука.  Со нашиот тим од одлични предавачи, ќе добиете квалитетно знаење.

phone-call

070/386 345
071/373 792

СОПСТВЕНИЦИ

Запознајте не

Нашиот тим

Тимот кој ви стои позади нашите успешни обуки

Маријана Стојческа

Генерален Менаџер

Тони Стојчески

Генерален директор

Стефанија Бојаџиева-Марковска

Раководител на сектор за развој на програми за образование на возрасни

Сара Стојческа

Акредитиран едукатор за програми од сектор лични услуги

Ванеса Стојческа

Едукатор од сектор лични услуги и административен асистент

Ивана Јордановска

Акредитиран едукатор за програми од сектор лични услуги
доверба во нас

Нашата стратегија е да ви понудиме квалитетни обуки кои ќе ви донесат успех

Примарна цел на нашата образовна институција за возрасни е овозможи професионален и личен развој како и преквалификација и доквалификација на кадар со цел учесниците да се стекнат со соодветни знаења, вештини и компетенции со цел задоволување на потребите на пазарот на трудот.
Покрај примарната цел, центарот има за цел да ги остварува следните специфични цели:
  • поврзување на невработените оспособени лица со стпонаските субјекти во конкретниот сектор
  • обезбедување обучен кадар оспособен согласно специфични барања на пазарот на трудот
  • помош и подршка на учесниците во нивниот професионален личен развој
  • поттикнување на процесот на доживотно учење со цел подобрување на социо-економската состојба во Република Македонија

ВИЗИЈА НА М22

Друштво за трговија услуги и образование на возрасни АКАДЕМИЈА М22 ДООЕЛ Скопје, ја чуствува и негува одговорноста и професионализмот во давањето обуки за личен и професионален развој и обуки за преквалификација и доквалификација со комплетна посветеност на потребите на клиентите не само во текот и за време на реализација на тренинг обуките, туку и со давање подршка на слушателите и по нивното завршување додека настојуваат да ги валоризираат стекнатите знаења и вештини.

МИСИЈА НА М22

Друштво за трговија услуги и образование на возрасни АКАДЕМИЈА М22 ДООЕЛ Скопје е центар за образование на возрасни и друго дополнително образование основан во 2010 година, со цел преку обука и тренинзи да ги оспособи граѓаните во совладување на работни вештини кои што на нашите клиенти може во голема мера да им ги зголемат шансите за вработување, отпочнување сопствен бизнис, претприемништво и други занимања потребни на пазараот на трудот.

Придружете се на нашиот тим

Имате знаење и стручни сте во тоа што го работите? Сакате да го пренесете своето искуство и да помогнете и други да напредуваат во одередена област? Пишете ни го вашето резиме и искуство.