Блог

НА ШТО ДА ВНИМАВАТЕ ПРИ ИЗБОРОТ НА АКАДЕМИЈА ЗА ОБУКА?

Иборот на вистинската академија за обука е од суштинско значење за Вашиот личен и професионален развој:

-Осигурајте се дека академијата е акредитирана од релевантните органи- Центар за образование на возрасните, Министерство за образование и наука, компанија регистрирана за вршење дејност за образование на возрасни, бидејќи тоа ќе ја потврди нејзината легитимност и квалитет, како и видот на сертификат кој го добивате по завршување на обуката.

-Информирајте се за наставната програма, проверете дали е усогласена со Вашите потреби за обука и цели во кариерата. Обрнете внимание на квалификациите и искуството на едукаторите, бидејќи нивната експертиза може значително да влијае на Вашето учење. Дополнително, посетата на академијата за проценка на нејзините капацитети и опрема може да обезбеди увид во квалитетот на обуката што ќе ја добиете.

-Информирајте се за вкупниот број на часови, не само за времетраењето на обуката-временската рамка од два месеца, не значи голем број на часови ако посетувате настава еднаш неделно по 2 часа-нели? (smiley)

-Големината на групите на слушатели е уште еден важен фактор; индивидуалната обука и помалите групи од 2-3 лица, доведуваат до поперсонализирано внимание од едукаторите.

-Флексибилноста во термините за обука исто така може да биде клучна предност, особено ако имате други обврски.

-Услугите по завршување на обуките- поддршка, менторство или советување за кариера, можат да го подобрат Вашето искуство за правилен избор на академија за обука.

-Што по завршувањето на обуката? Завршивте обука, земавте сертификат-тука не сме завршиле. Следен чекор-отворање на сопствен бизнис-што треба да се направи, кои документи се потребни, кои институции треба да се посетат за да се добијат потребните дозволи за почеток со вршење на дејност …

Доколку внимателно ги истражите овие клучни аспекти на пазарот на понудувачи на обука, ќе видите дека сите патишта водат до Академија М22. Затоа контактирајте не, дојдете на консултација, ќе поразговараме за Вашите идни планови и согласно тоа, ќе Ве посоветуваме кои обуки да ги проследите. Академија М22 се грижи за своите слушатели, а соработката и доусовршувањето трае со години.

Бидете дел од богатото семејство на АКАДЕМИЈА М22!

Related Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *