Сертификат од Академија М22
Опис на програмата:
Програмата “Шивач“е наменета за работно оспособување на кандидатите за шиење. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите за полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот како и во организација и реализација на процесот на шиење. Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни (демонстрирање, цртање), практични методи (практична работа – вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти и практична работа- вежби.
Структурата на програмата за “Шивач“е следна:
- Стручно-теоретски дел;
- Практична работа и;
- Проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).
Модул 1: Вовед
Модул 2: Материјали и текстил
Модул 3: Шивачки алати и машини
Модул 4: Основни шевови и техники
Модул 5: Земање мерки и кроење
Модул 6: Изработка на основна облека
Модул 7: Поправки и прилагодувања
Здраво,
дали може курсот да го посетува 12годишно дете?
Доколку може, кои се условите?
Благодарам
Ирена
Почитувани,
Оставете ни контакт телефон или побарајте не на 070 386 345 и ќе Ви објасниме се околу обуката.
Со почит,
Тимот на Академија М22