Сертификат од Академија М22
- Главната цел на посебната програма за возрасни е стекнување знаења, стручни компетенции и вештини за примена на техниките во секоја од фазите на технолошкиот процес, при производство на леб и бели печива. Начинот на реализацијата на посебната програма е преку теоретска и практична настава. Теоретската обука се однесува на карактеристиките на работното место изработувач на леб и бели пецива, суровините кои се вклучени во производството на ПЕЧИВА како и технолошкиот процес при производство на лебот и белите печива и запознавање со етичките принципи за работа. Практичната обука се однесува на примена на вештини и техники за производство на леб и бели печива.
Учесниците кои ги посетувале обуките и истите успешно ги завршиле се стекнуваат со сертификат за Пекар. Со стекнување на сертификатот учесниците се здобиваат со можност за равој на професионална кариера во пекарската индустрија.
Опис на програмата:
- МОДУЛ 1 ОСНОВНИ ПОИМИ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПЕКАР
- МОДУЛ 2 СУРОВИНИ ВО ПЕКАРСТВОТО
- МОДУЛ 3 ПРОИЗВОДСТВО НА ПЕЧИВА И ПИЦИ
- МОДУЛ 4 ПРОИЗВОДСТВО НА ЛИСНАТО ТЕСТО
Почитувани,
Ме интересира колкав временски период трае обуката (колку денови, и колку часа во денот), место каде се реализира обуката, цена за обуката?
Почитувана Николинка,
Оставете ни контакт телефон или побарајте не на 070 386 345 и ќе Ви објасниме се околу обуката.
Со почит,
Тимот на Академија М22