Лични услуги, нега и убавина

Обука за јапонско исцртување на веѓи

Сертификат од Академија М22

Програмата “Јапонско исцртување на веѓи” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на реализацијата ќе се применуваат наставни средства и помагала Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.

План на програмата:

ТЕОРЕТСКИ НАСТАВА

  • Што е микроблејдинг?
  • Која е разликата помеѓу микроблејдингот и трајната шминка на веѓи со машинка?
  • Анатомија на лице – мускули, нервни завршетоци
  • Се за формата и обликот на веѓите
  • Определување на перфектниот облик за секое лице со помошта на специјален шестар
  • Пигменти – трајностна бојата според видот на кожата, избор на бои, мешање на бои
  • Цртање на облик и распоред на влакненца на хартија
  • Исцртување – облик на лице, облик на веѓи, одредување на обликот на веѓите
  • Начин на работа – затегнување на кожата, нанесување на бојата, начин на исцртување
  • Кожа – структура на кожата, боја на кожата, одржување после третман, можни реакции, кожни болести и проблеми
  • Каде се препорачува микроблејдингот?
  • Хигиена и подготовка на местото за работа, опрема – држачи, ножици, дезинфекција, анестезија
  • Препораки за консултација и информативен разговор со клиентот

ПРАКТИЧНА НАСТАВА на модел

  • Демонстрација на модел
  • Работа на модел под постојан надзор и помош од едукаторот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *